Секој човек поминал низ агонијата на скршено срце. Тоа е сосема природна работа. Се заљубуваме, понекогаш погрешно, а понекогаш едноставно љубовта избледува и во такви ситуации некој секогаш завршува повреден.

Сите различно реагираме на скршено срце: некои ќе продолжат понатаму по неколку дена, некои ќе паднат во очај и нема да можат да станат со месеци. Очигледно е дека справувањето со скршеното срце е потешко за некои луѓе, додека некои го поднесуваат тоа полесно.

Во продолжение прочитајте како хороскопските знаци го лечат своето скршено срце.

Бикот, Ракот и Шкорпијата се знаците кои искусуваат чувство на напуштање. Нивната тага е често помешана со лутина, бидејќи тие сметаат дека се предадени. Па затоа тие имаат потреба да тажат за загубата, а потоа да се потрудат да ги расплеткаат своите интензивно заплеткани чувства. Лутината може да се претвори во омраза и таа е поеднакво заслепувачка како и љубовта. Овие знаци мораат да бидат внимателни да не се заплеткаат во она што реално му припаѓа на минатото.

Бикот мрази кога неговата сигурност е разнишана и иако тие изгледаат мирни, тие во себе можат да негуваат многу мрачни мисли за кои им е потребно многу време да бидат избришани. И затоа мораат да најдат нешто што ќе ги движи напред.

Раковите највеќе страдаат, затоа што за нив загубата на сакана личност е исто како да изгубиле дел од себе. Тие мораат да се зацврстат и да продолжат.

Шкорпијата љуби интензивно и мрази исто толку интензивно. Тие често знаат да планираат и одмазда. Од сите знаци, зрелата Шкорпија сфаќа дека животот се врти околу промени кои знаат да содржат болен процес на деконструирање на минатото и создавање поинаква иднина. Откако ќе го сфатат тоа, ако не полесно, барем е полесно за издржување.

Водолијата и Лавот можат да лутаат и цел живот да чекаат додека се вратат во нормала, затоа што тие очекуваат светот да се прилагоди на нив, а не обратно. Но, трпението нема да го врати она што веќе го нема, па затоа мораат да вложат напор за да се прилагодат на променетите околности и да го извлечат најдоброто од сето тоа.

Лавот ќе го  негува своето изгребано его и уништена гордост, па затоа ќе се плаши и ќе се чува за да не му се случи истото. Тие мораат да бидат храбри.

Јарецот и Девицата ќе воздивнуваат како тоа што се одбиени е нешто што го очекувале и ќе се закопаат во работа и амбициозни цели само за да се утешат себеси дека можат да успеат барем во тоа. Со тоа, тие ризикуваат да го изгаснат својот неверојатен магнетизам. Тие треба да се подложат на сопствено разгалување како масажи, спа и третмани за убавина.

Вагата не може да биде среќна без својата друга половина. Тие ќе бидат повредени, но тоа ќе биде помешано со стравот дека ќе бидат понижени во очите на нивниот социјален круг. Тие се мајстори за да го привлечат шармот на друштвото дури и кога се повредени, така што нема да бидат сами уште долго.

Рибите едноставно ќе се исклучат од се. Ако вистинскиот живот не им го дава она што им е потребно, тие ќе го заменат со нивниот свет од соништата каде се е среќно и розево. Но, тие природно не се осаменици, па затоа некаде по тој пат ќе најдат некој друг кој ќе ги фрли во уште една романса. Тие се умешни секогаш да бидат во вистинско време и на вистинско место, па затоа новата романса ќе се случи со малку труд.

Овенот, Стрелецот и Близнаците се знаците кои најдобро ги кријат своите повредени чувства и веднаш решават да бидат подобро со тоа што ќе се впуштат во нова романтична авантура. Овните дефинитивно се впуштаат во поход и знаат што сакаат. Близнаците секогаш имаат џокер во ракавот, па така ако една работа не успее, секогаш имаат и други опции. Стрелецот ќе реши да патува и најверојатно ќе ја најде својата романса на едно од патувањата.