Како филмовите создаваат нереални очекувања за љубовта?

Уште кога бев мало девојче, гледав филмови за принцезите кои секогаш го наоѓаа својот принц на бел коњ. Пораснав верувајќи дека и јас многу лесно ќе го пронајдам својот принц – се што ми требаше е стаклена чевлчичка. Верував дека совршеното момче ќе се појави од никаде, ќе ме крене во раце и ќе ме однесе некаде каде што ќе живееме среќно до крајот на животот. Колку само не бев во право.

Прво и основно, тој цело време беше тука некаде и беше некој со кого секојдневно разговарав. Тој на одреден начин беше скриено богатство. Второ, тој не беше совршен и не ми требаше долго за да го сфатам тоа. На крај открив дека моето скриено богатство во суштина е чудовиште кое носи маска. Сега знам дека не постои нешто такво како принц на бел коњ.

Се откажав од бајките. Нема повеќе отровни јаболка или заробеништво во замок. Но, сепак очекував повеќе. Дури и во романтичните комедии, момците секогаш делуваат речиси совршено. Момците во филмовите секогаш имаа оган во очите секогаш кога ќе се заљубеа во некоја девојка.

Сакав некој да ми пее серенади пред прскалките. Сакав некој да ми изгради телескоп и да именува ѕвезда според мене. Сакав некој тип да застане пред мојот прозор и да ја пушти нашата песна на касетофон. Сакав да го видам оној посебен сјај во очите на некој додека ме гледа мене. Но, тоа никогаш не се случи. Претпоставувам дека полесно е да глумиш да бидеш заљубен, отколку навистина да бидеш заљубен.

Во мојот живот никогаш немало големи романтични гестови. Наместо тоа, ме извисувале и ме заборавале. Ме буткале на страна и ме омаловажувале. И покрај сите мои заложби и гестови, на крај сепак останував без ништо.

Ги сакав сите тие работи, за на крај да сфатам дека сето тоа е една огромна бесмислица.

Секоја љубовна приказна, вистинска или замислена, е посебна на свој начин. И поважно е чувствата да бидат искрени и делата да бидат значајни. Не ми се потребни слатки зборови и празни ветувања. Мене ми е потребна вистината.

Љубовта е комплицирана и понекогаш може да биде многу хаотична, но сепак е едно од најпрекрасните чувства на светот. Љубовта е важна, без оглед на вашата возраст, пол и место на живеење. Секој заслужува да биде сакан и да биде со личноста која ја љуби.