Како да не згазам во фесец или како да не ме згази кола, а живеам во „најурбаната“ општина Центар - Инес со вирален статус

Позната ликовна уметница Инес Ѓорѓиевска со фејсуб статус за Скопје, поточно за најурбаната општина Центар, со кој многумина се согласија. 

Еве што порача таа „сликовито“ за средината во која живее: 

- Штом патувам надвор од Скопје, сфаќам дека кога сум дома секое излегување воглавно ми се состои од ментален и физички напор како да не згазам во фесец или како да не ме згази кола додека пробувам да најдам тротоар што не е окупиран или што „не го предвиделе“ кога давале дозволи да се гради кај се стигне.

Инаку, иронично, со години живеам во „најурбаната“ општина Центар.