Како да ја пронајдете својата сродна душа оваа есен?

Законот на привлекување се заснова на идејата дека го привлекуваме она во што веруваме, што мислиме и дека фокусот на позитивните мисли може да ни донесе позитивни резултати.

Photo by Alvin Mahmudov on Unsplash

Тоа се однесува и на љубовта. 

Но, како да ја пронајдеме својата сродна душа? Како може да ни помогне овој закон?

Сакајте се себеси

Ако не се сакате себеси, како очекувате да бидете сакани од друга личност. Кога се осудуваме и критикуваме себеси, испраќаме негативна енергија која ги одбива другите. Треба да знаеме дека љубовта која некоја личност ја има кон себеси е привлечна и отвора простор за повеќе љубов.   

Бидете јасни  и конкретни

Секоја неуспешна врска од минатото може да биде наш знак за тоа што не ни е потребно во животот. Проблемот е во тоа што многу луѓе се фокусираат на минатото, мислејќи дека тоа било поубаво од тоа што вистински било. Ако нешто вистински сакате, треба да ви биде јасно зошто го сакате тоа. Дозволете и на љубовта вие да ја изберете, а не таа да ве одбира вам. Законот на привлечноста вели дека моќта се крие во самите вас.

Позитивен пример: Сакам личност која ќе ме стави на прво место и ќе ме сака безусловно.

Негативен пример: Не сакам личност на која работата  и е на прво место.

Замислете ја својата сродна душа

Ако сте подготвени да ја запознаете својата љубов, една од најубавите работи кои можете да ги направите  е да сонувате за личноста која сметате дека ја заслужувате. Универзумот ги добива овие мисли како сигнал дека вие сте креатори на својот живот. Затоа, важно е во својот ум да создадете идеална слика, да ја повторувате повторно и повторно  и да верувате во тоа.

Не се откажувајте

Една од најчестите причини зошто Законот за привлечноста не функционира за некои луѓе е тоа што се откажуваат пред да им се исполнат желбите. Кога станува збор за љубовта, луѓето лесно се разочаруваат, но треба да бидат упорни. Затоа, верувајте. Не се потпирајте на искуството и гледајте ја секоја ситуација како нешто ново во вашиот живот. Тоа ќе ве донесе до личноста која ја заслужувате.