Како да издржите подолго во кревет

Сексот нуди голем број на ментални и психички бенефиции, меѓутоа за што најмногу копнеат мажите и жените кога е во прашање акцијата под чаршафот? Ако се за верување истражувањата, мажите сакаат да го решат проблемот со прераната ејакулација, додека, пак, жените сакаат сексот да им трае подолго.

За среќа, ги имаме овие неколку совети кои ќе ги решат и двата проблеми.

Правете паузи

Најприроден начин да се спречи прераниот завршеток на сексот е правењето на паузи. Ако успеете да го пронајдете таканареченото "средно ниво на возбуда" ќе бидете во состојба повторно да се вратите во акција која ќе трае подолго.

Сепак, постојат мажи на кои овој метод и не им е баш драг затоа што според нив паузата ја убива сета забава која ја носи сексот со себе.

Пробајте да ''притискате"

Оваа техника многу често се користи за да се оддолжи среќниот крај. Имено, откако партнерот ќе почувствува дека е спремен да ејакулира, нежно стиснете го врвот на пенисот со палецот и ова ќе доведе до намалување на ерекцијата и ќе ви пружи уште време за да уживате во сексот.

Мислете на нешто друго

Мажи, никој не сака да размислува за фудбал додека е во кревет со својата драга, но ова може да биде корисна метода за да можете да ги отргнете мислите од возбудата и да издржите уште некоја минута.