Како да е пролет: До крајот на неделава потопло со температури и до 20 стeпени

Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините, соопшти УХМР.

По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус два, а максималните дневни ќе достигнат до 20 степени.