Извршителите и натаму дерат, граѓаните без пари

Канцеларијата на Народниот правобранител, констатирала дека лани во работењето на извшителите немало никакво подобрување.

Голем број претставки што во текот на изминатата година биле доставени до Народниот правобранител се уште се однесуваат на работата на извршителите, рече Васка Бајрамовска Мустафа.

„Неажурноста на управното судство и натаму е на товар на граѓаните кои со години чекаат остварување на нивните права од социјалната и здравствената заштита,денационализацијата, даноците и слично. Особено загрижува тоа што судовите повеќе време трошат на комплетирањето на предметите, отколку на нивно решавање.

Управата за јавни приходи продолжи со своето волунтаристичко постапување во посебните даночни постапки за испитување на имотот и имотната состојба, односно утврдување на приходи на кои не е утврден или не е доволно утврден данок – потег кој апсолутно е недозволив за држава во која владењето на правото е на прво место“, се вели во годишниот извештај на народниот правобранител.