Изваден најголемиот камен од мочен меур што се појавил на Клиника во последните 20 години

Урологот Асим Муса, кој едно време беше заменик министер за здравство и поранешен директор на струшката болница на социјалните мрежи објави многу интересна вест.

Имено тој сподели видео од оперативен зафат на мочниот меур каде го имаат извадено најголемиот камен во последните 20 години што се појавил на скопската Клиника. Од она што може да се види од фотографиите каменот е со големина на тупаница.