Изложба „Навраќање на постземјотресната обнова на Скопје“ на БИМАС

Во рамките на 18-тото Биенале на македонската архитектура во Музеј на Град Скопје се одржа изложба која е плод на десетгодишна истражувачка работа на Ана Ивановска Десковска. Изложбата беше проследена со предавање со наслов „Навраќање на постземјотресната обнова на Скопје“.  

Предавањето откри интересни детали во врска со урбанизацијата во нашиот град, во периодот од земјотресот во 1963-та па се до денес. Па така, според Десковска, најголемиот бран на урбанизација настапува во периодот помеѓу ’71-’73-та, а модернизацијата запира во периодот на доцните ’80-ти. Ставовите беа потркрепени со доументарни бази за 16 од вкупно 30-те објекти кои беа вклучени во истражувањето.

Таа нагласи дека несреќата која го снашла Скопје, има и позитивни страни, бидејќи по земјотресот, настапува златно доба за македонската архитектура. Во тој период како никогаш претходно доминира домашното архитектонско творештво. Македонските архитекти доаѓаат до израз имајќи прилика да проектираат голем број проекти. 

Свое обраќање на настанот имаше и почесниот член на МАНУ, професорот Георги Константиновски. Присутните имаа прилика да видат макети од некои објекти кои се сметаат за обележја на градот, меѓу кои се студентскиот дом „Гоце Делчев, Поштата, основното училиште „Ј.Х.Песталоци“, Музејот на современа уметности  други.

Фотографиите се превземени од веб-порталот за архитектура и градежништво Буилд.мк(Build.mk)