Излета автомобил од патот кај регионален правец Кичево-Македонски Брод

Вчера на патот Кичево-Македонски Брод излетал автомобил управуван од триесет и шестгодишен возач.

Несреќата се случила на регионален правец Кичево-Македонски Брод на м.в „Ижишки анови“. Патничко возило „Пежо 206“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од И.Д.(36) од Македонски Брод, излетало од коловозот. 

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. 

Според извештајот на Министерството за внатрешни работи несреќата била пријавена вчера,13.07.2022, во 07.34 часот во СВР Битола, а увид на местото извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.