Ивановски го има најдобриот ранкинг во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски вчера го освои фјучерс-турнирот во Скопје, а тоа му донесе нови 25 поени кои ќе важат од следниот понеделник.

Ивановски и без тие поени напредуваше на најновата ранг-листа на АТП, па сега се наоѓа на 412. место, што е негов најдобар ранкинг во кариерата.

Со оглед на тоа дека ќе му се додадат дополнителни 25 бодови в понеделник, тоа значи дека го очекува нов напредок и влез во топ-400 тенисери во светот.