Инфлацијата со благ пад од 0,3 %, ама затоа трошоците за живот се зголемени за 3,2 отсто во споредба со јануари лани

Државниот завод за статистика излезе со нови податоци каде се забележува дека ифлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот ако се споредува јануари со декември од минатата година е намалена за 0,3 отсто.

Намалувањето, според Државниот завод за статистика, е резултат на намалувањето на трошоците на животот кај транспорт за 4,9 проценти, облеката и обувките за еден процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,8 проценти и рекреација и култура за 0,7 проценти.

Но покрај намалување на одредени работи исто така имаме и зголемување кај алкохолните пијалаци и тутунот за 1,5 проценти, рестораните и хотелите за 1,3 проценти, мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти.Намалување од 1,2 проценти е забележано и кај цените на мало во однос на декември лани.

Но иако инфлацијата паѓа според ДЗС сепак трошоците за живот во однос на јануари ланската година се зголемени за 3,2 отсто додека цените на мало за 2,8 отсто.