За градот
6. March 2017 - 16:19

Светот на LEGO на дланка во Skopje City Mall

Викендов започна LEGO Фестивалот во Skopje City Mall, каде посетителите уживаа во интерактивни, креативни и едукативни содржини и активности, преку најразлични LEGO наптревари, зони на играње и изложби.

LEGO Фестивалот започна на 04.03 а ќе трае до 26.03. Во просториите на Skopje City Mall изложени се преку 20 големи 3Д официјални LEGO фигури, 8 уникатни LEGO глави од LCP Dirk Denoyelle од Белгија (само 15 во цел свет). Поставени се работилници и зони за играње каде се одржуваат интересни квизови и натпревари.

“Првиот викенд од LEGO Фестивалот резултираше со огромна посетеност од над 60.000 посетители. Задоволни сме како поминаа овие два дена, и се надеваме дека во наредните денови ќе имаме уште повеќе посетители кои ќе дојдат во Skopje City Mall и ќе ја почуствуваат LEGO магијата и светот на LEGO коцките.”  - изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.