Funky Fresh во соработка со МКЦ cо големо задоволство ви го најавува Illa J (Detroit,U.S.A.), помладиот брат на J Dilla, член на Slum Village и Yancey Boys, пеач, рапер, продуцент, музички автор, добар на микрофонот, на MPC-то, на грамофоните, на клавијатурите и на бас гитарата.

Во својата 9 годишна кариера има два соло албума, два албума со Slum Village, еден со Yancey Boys, два EP-ја, два официјални микстејпи и многу гостувања (J Dilla, Bishop Lamont, Black Milk итн.)

Illa J ќе се претстави пред нашата публика со настап во живо, микс од „живи” инструменти и „dj” инструментали. Во склоп на вечерта ќе имаме и специјален J Dilla „MPC” tribute перформанс од страна на битмејкерот Nin Vibe (Raw’n’Wicked, Скопје), а боите на Funky Fresh вечерта ќе ги „бранат” со свои „Dilla” сетови DJ ChvareDJ Drazi Drags и Goce (S.A.F.).

Билетите ќе може да се набават од 25 декември, понеделник, во продажната мрежа на mktickets.mk, kupikartizase.com и на билетарата на МКЦ.