И авиосообраќајот трпи од лошите политики: Скопскиот ја губи трката со аеродромот во Тирана

Потенцијалите на македонските аеродроми во Скопје и Охрид никако да се исполнат до крај. Иако Владата прави огромни напори да донесат што е можно повеќе авиокомпании со пристапна цена тоа тешко иде. И покрај субвенциите што секоја година државата ги доделува на сите оние авиокомпании кои се заинтересирани да влезат на македонскиот пазар на крај сепак се пријавува само Виз Ер кој останува единствената нискобуџетна авиокомпанија во Македонија.

Зошто е тоа така има повеќе прашања отколку одговори. Дали македонскиот пазар е премал, дали е куповната моќ на народот во државава или пак е сосема нешто трето не се знае но она што засега го знаат граѓаните е дека потребна ни е уште една евтина авиокомпанија со нови дестинации.

Воведувањето на нови летови иде многу тешко. Засега тоа го прави Виз Ер каде преку нашите два аеродроми во Скопје и оној во Охрид нудат околу 30-тина летови кон најразлични дестинации низ Европа. Она што е значајно да се спомене дека сега во екот на туристичката сезона поради проблемите со моторотите од компанијата најавија дека ќе има кратење за речиси 20 % на летовите од Скопје и над 45 % од летовит во Скопје што ја прави Македонија да биде најголем губитник од земјите во поранешната Југославија.

Ситуацијата од охридскиот аеродром во моментов е трагична. Се нудат само 4 дестинации од кои три се Виз Ер Виена, Дортмунд и Меминген и еден лет до Цирих преку Чер ерлајнс. Укинати се летовите до Милано, Базел, Малме и Лондон од причини што ги споменавме погоре.

Токму аеродромите во соседството нудат повеќе погодности и подостапно поврзување за македонските граѓани отколку нашите аеродроми во државава. Најчесто голем број на граѓани патуваат преку софискиот аеродром каде ќе најдете многу добри конекции и директни летови со речиси низ цела Европа, а во последно време дел од граѓаните заминуваат и преку аеродромот во Тирана.

Да добро прочитавте, аеродромот во Тирана, Албанија има верувале или околу 84 дестинации или три пати повеќе него Македонија и за него се пишува во најпознатите списанија како аеродром со еден од најголемите подеми на ниво на Европа. И во Албанија оперира Виз Ер ама за разлика од кај нас таму има речиси 60 дестинации. Освен оваа нискобуџетна компанија таму оперира и Рајан Ер уште една нискобуџетна авиокопанија која нуди 24 авиоконекции.

Доказ за ова се бројките кои пристигнуваат од Ародромот во Тирана каде се споменува бројката од над 10 илјади македонци кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.  Официјалните податоци покажуваат дека овој аеродром се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во прите два месеца, регистрирани се 42 илјади косовски и 20 илјади црногорски државјани.

„Под раководство на „Кастрати Груп“, единствениот акционер на Меѓународниот аеродром во Тирана и во соработка со Управата за цивилно воздухопловство, интензивно се работи за да се одговори на растечките барања на патниците и во исто време постојано да се зголемува опсегот на дестинации“, информираат од тамошните аеродромските власти.

Но треба да си признаеме дека можеби и работите на скопскиот аеродром ќе се променат. Имено со почеток на летната сезона се најавија нови летови кон нови дестинации и од нашиот аеродром. Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и истакнуваат дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекуваат нови летови кон атрактивни туристички дестинации

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев во изјава за МИА вели дека со летниот ред на летање има извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми во споредба со минатата година.

„Според летниот ред на летање, односно според бројот на најавените операции на воздухоплови, во летната сезона 2024 може да се забележи извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми, во споредба со истиот период минатата година. Евидентно е зголемен бројот на дестинации и на фреквенции на скопскиот аеродром, додека на охридскиот бројот е сличен како и минатата година“, вели Тунтев.

Но што по завршувањето на сезоната кога повторно ќе се вратиме на 30-тина евтини летови. Македонските граѓани во континуитет бараат да се воведат дополнителни линии и кон други градови и да се прошири изборот, а за таа цел да се постигне потребно е привлекување на уште еден нискобуџетен авиопревозник по примерот на Тирана. Во спротивно се додека не се направат промени македонските граѓани ќе патуваат не само кон Тирана туку и кон Софија каде што и поврзувањата на тие аеродроми се подостапни кон европските центри.