Хуманитарниот концерт за Кико ќе се одржи - парите ќе бидат донирани на друго дете

Кристијан Коцев - Кико почина, откако неговата состојба се влошила во изминатите денови, а јутјуберот Стефан Лазаров објави дека хуманитарниот концерт ќе се одржи.

Хуманитарниот концерт за помош на Кико беше закажан за вторник, 27 јуни во Домот на културата во Штип, а истиот ќе се одржи и собраните пари ќе се донираат на друго дете.

- Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме сè од себе за да спасиме друго дете. Концертот во вторник ќе се одржи. Сакам сите да дојдете да ја наполниме салата за Кико, да пееме за него и сите средства ќе ги донираме на друго дете, кажа Лазаров.