Хороскоп за август

Што ни носат ѕвездите во текот на топлиот  август?

Овен

Целиот август за вас е во знакот на романсата. За сите кои не се во врска, хороскопот носи можност да сретнат личност која е нова и специјална за нив. Постојано ќе сакате да флертувате и ќе се чувствувате многу сензуално, а освен тоа и ќе ширите позитивна енергија околу себе.

Оние кои се во врска ги очекува убав летен месец полн со љубов, страст и романса. Комуникацијата ќе биде лесна и вашата поврзаност ќе се продлабочи уште повеќе.

Бик

За Биковите, август носи внатрешен мир за кој се борат цела година досега. Тие конечно ќе сфатат што точно сакаат и ќе ги ценат нештата во нивниот живот. Август носи среќа, смиреност и опуштање. Потребно ви беше многу трпение во текот на годината, но конечно стигнувате до тоа што го сакате.

Близнаци

За родените во овој знак, хороскопот носи отфрлање на токсичните работи и луѓе. Близнаците конечно ќе добијат сила да се ослободат од врските и пријателствата кои не им носат среќа. Тоа ќе почнат да го прават уште на почетокот на месецот.

За нив, ова е месец во кој ќе се ослободат од сите нешта кои не треба да бидат дел од нивниот живот. Изминатите месеци тие се вклучуваа во многу безначајни и нетактични пријателства и врски, но сега е време да се расчисти со тоа.

Рак

Изминатите месеци, бевте на патување за самооткривање. Конечно го наоѓате својот мир, но август ви носи и откривање на тајна која долго ја криевте. Како дел од тоа, ќе бидете под стрес и засрамени.

За оние кои се занимаваат со креативна работа, овој месец носи можност за покажување на талентите и блескање пред другите. Овој месец ќе биде исклучително емоционален за Раковите, кревајќи ги високо и буткајќи ги ниско со нивната енергија. Еден миг ќе бидат среќни, а другиот разочарани и тажни.

Лав

За Лавовите, август е месец во кој тие ќе блеснат. Ќе се чувствуваат одлично и нема да се трудат да го скријат тоа. Ќе сакаат да флертуваат и да се втурнат во авантури, и тоа многу повеќе од сериозни врски. Тие се подготвени за добро време, а август ќе биде најубав месец од 2018 година за нив.  Време е за славење и забава.

Девица

Девиците се перфекционисти за огромен дел од нивниот живот. Некогаш се чувствуваат како неуспех иако направиле сѐ што можеле. Овој месец им носи многу негативни чувства во однос на себеси. Тие постојано ќе сакаат да постигнат и прават повеќе, така што и ќе ги излудуваат своите блиски, за кои никогаш ќе немаат време.

Вага

Една врска или пријателство во кое сте, ќе премине на ново ниво во текот на август и тоа ќе ве направи многу среќни. Ќе се чувствувате поврзани со таа личност и ќе се отворите себеси кон неа, на убав начин.

Оваа поврзаност е важна и на долг рок бидејќи оваа личност ќе остане долго во вашиот живот. Продолжувајте да вложувате во тоа и ќе бидете пресреќни.

Шкорпија

За Шкорпиите, август е месец на заздравување и регенерација. Ќе најдете време да ги исчистите своите плакари, но и да го исчистите својот живот од неважни нешта. Тоа ќе ве донесе на едно убаво место во вашиот ум, така што ќе бидете навистина освежени и среќни.

Ќе го завршите месецот како нови.

Стрелец

Овој месец  ве прави поотворени, но и поагресивни кон другите луѓе. Ќе се чувствувате мотивирани и ориентиани кон целите, а вашата самодоверба ќе биде на највисоко ниво и очигледна за сите луѓе околу вас.

Ќе се чувствувате одлично, ќе изгледате одлично и ќе постигнете големи нешта. Овој месец е одличен и за напредок  и промени на полето на работата. Вашите напори ќе бидат забележани и наградени од надредените.

Јарец

За Јарците, една врска во нивниот живот ќе им предизвикува голема главоболка. Тоа ќе ја тестира нивната внатрешна сила и ќе ја покаже чувствителноста која ја кријат од другите. Тие се личности кои се кријат во себе и никогаш не покажуваат пред другите како се чувствуваат.

Но, овој месец потребна ви е помош и поддршка и треба да ја побарате од некој.

Водолија

За Водолиите, овој месец е исполнет со романса и страст. Вашата поврзаност ќе биде поголема од било кога и ќе бидете постојано обземени со саканата личност. Секој слободен момент ќе сакате да го минувате со нив.

Ова е совршен месец за релаксација.

Риби

Рибите во текот на август ќе најдат внатрешен мир. Вашето здравје е во одлична форма, а исто и вашите емоциите. Се чувствувате смирено и како ништо да не може да ви застане на патот. Август дефинитивно е месец за вас.

Сепак, нешто лошо може да се случи на крајот на месецот  и добро би било да бидете подготвени за тоа.