Хаос во Градската болница: Скопјанец се обидел да нападне доктор и оштетил дел од инвентарот на болницата

Полицијата приведе и задржа скопјанец кој се обидел да нападне доктор во скопската Градска болница и оштетил дел од инвентарот во болницата. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.