Градилиште зад Универзална сала „проголта“ дел од улицата „9 мај“

Дел од улицата „9 мај“ зад Универзалната сала во Скопје проппадна во градилиштето за нова зграда.

Градежната инспекција на Општина Центар вчера по трет пат направила увид на градилиштето, а исто како и претходно, инспекторите констатирале дека јамата е необезбедна.

Градилиштето веќе беше и затворено, но само во краток период бидејќи инспекцијата утврди дека инвеститорот сам ја тргнал заштитната лента и продолжил да гради.