Големи промени кај вардарци ова лето: Многу си заминуваат, многу нови доаѓаат- ќе биде ли Вардар догодина повторно силен?

Во Вардар ова следуваат големи промени, но газдата на клубот најави дека тимот ќе биде силен и следната сезона, што ако се види според ростерот кој би требало да го има не е дека не е вистина.

Командантот Раул Гонзалез заминува во Париз, херојот на сите фанови на Вардар од минативе години оди во Везпрем, во Унгарија заминуваат и Хоан Канељас и Хорхе Македа, но тие во одат во изненадувачкиот шампион Пик Сегед. Столбот на одбраната цели седум години, Илија Абутовиќ заминува во Рајн Некар, во Германија заминува и Мијајло Марсениќ, кој од следната година ќе го носи дресот на Фуксе Берлин. Првиот избор на плејмејкерската позиција заминува во Полска, во редовите на тамошниот шампион и еден од најбогатите европски тимови, Виве Киелце, каде лани од радовите на Вардар замина Алекс Дујшебаев.

Иако голем број на играчи си заминуваат заедно со тренерот Гонзалез, сепак сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко најави дека клубот и во иднина ќе биде силен. На местото на Раул, доаѓа друг Шпанец, тоа е Роберто Гарсија Парондо, кој оваа година со женскиот тим на Вардар стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Во тимот остануваат и одлични играчи како што се голманот Страхиња Милиќ, десните крила Иван Чупиќ и Данил Шишкарев, левото крило Тимур Дибиров, пикерите Стојанче Стоилов, за кого иако имаше шпекулации дека ќе замине, сепак најверојатно останува во Скопје, а тука е и одличниот Бразилец Рожерио Мораеш. Во клубот останува и левиот бек, бомбардерот Вуко Борозан, својата средина нема да ја менува ниту плејмејкерот Игор Карачиќ, како и десниот бек Дианис Криштопанс.

Како што веќе пишавме Парондо ќе биде замената за Гонзалез, а и за другите заминувања во клубот веќе се ангажирани замени. Српскиот голман Дејан Милосављев, за кого низ медиумите се пишува дека е голем талент ќе биде замената за Штербик, тој доаѓа од тимот на Партизан. Замена за Илија Абутовиќ во дефанзивата би требало да биде Сергеј Горбок, кој се враќа во Вардар, а покрај одбраната тој би требало да биде од помош и за Борозан во нападот, замена за Македа на десната бековска позиција треба да биде Дмитри Кисељев, кој доаѓа од Санкт Петерсбург, додека пак за Цидриќ, тоа треба да биде Дмитри Житников, кој доаѓа од Пик Сегед.

Во преговори се Вардар е и пикерот на Барселона, Алексис Боргес, кој во клубот треба да го замени Марсениќ и да биде помош за капитенот Стоилов и Мораеш.