Голема прослава за Денот на независноста пред Влада

Денот на независноста – 8 Септември, и оваа година, Владата и граѓаните ќе го прослават на отворено, во дворот односно паркот покрај владината зграда. 


 
Во сабота во 18:00 часот, најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд.
 
Забавно-музичкиот дел за возрасните ќе го отвори Огнен Узуновски – Оги со дџ сет кој ќе започне во 19:00 часот. 
 
Програмата под отворено небо, во дворот на Владата, потоа ќе продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, со почеток во 19:30. 
 
Во 20:35 ритамот на празничната прослава ќе го засилат Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс.
 
Во завршницата на музичката програма вечерта ќе настапи и познатиот домашен ДЏ, Феки Фарис.
 
На настанот ќе се обрати и Претседателот на Владата на Република Македомнија, Зоран Заев.