Ги чистат кадрите на Таравари од Влада, АА со предлози за нови министри

Кулуминира судирот во Алијанса за Албанците. По вчерашното разрешување на директорите кои доаѓаат од редовите на оваа партија, денес од партијата преку соопштение најавија дека побарале смена на двајцата министри по информатичко општество и администрација Азир Алиу и за здравство Фатмир Меџити. Од Алијанса велат дека ги предлагаат:

- За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

- За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки.

Она што е познато во јавноста е дека од 8 министри што моментално ги има Алијанса на Албанците во собранието на Македонија, 6 ќе гласаат за смена на министрите.