Тимот од Црвен крст на град Скопје, вчера на Клиниката за детски болести ги посети хоспитализираните деца на сите оддели. Членовите на тимот беа маскирани во костими од омилените херои од цртаните филмови, кои ја изведоа вежбата спуштање по јаже. Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен.