Фотографија од препознатливата зграда на МРТВ во изградба

Зградата на Македонската радио телевизија некогаш важеше за највисока зграда во Скопје, но и на Балканот со 24 ката, неколку сервисни меѓунивоа и височина од 90 метри.

Денес повисока од неа е една од кулите на „Џевахир“.

Зградата на МРТВ е препознатлив објект на Скопје, а некогаш важеше за една од најубавите архитектонски зданија во поранешна Југославија.

Лоцирана е во центарот, близу брегот на реката Вардар.

Проектирана била три години во постземјотресно Скопје, а за нејзината изградба биле потребни осум години. Инженерите Кирил Ацевски, Кирил Петровски и Крсто Ристовски, го изработиле идејниот проект за зградата. Тие се консултирале во неколку големи европски ТВ куќи и од сите добиле позитивно мислење за изгледот на новиот објект. Врз основа на тој концепт, проектантското биро на „Бетон“ го изработи главниот проект. Одговорни проектанти биле Кирил Ацевски, Нако Манов и Харалампие Јосифовски. Архитектите ја опишуваат оваа градба како современ објект со висечки фасади од стакло и мермер и од алуминиум.

Граден е според сите технички стандарди и прописи. Откако се изградила армирано-бетонската конструкција, врз неа се извршил тест за издржливост на земјотреси.

Еве фотографија од изградбата на препознатливата зграда во Скопје, МРТВ.