Фото: Силниот ветер направи штети, а беше проследен со дожд и грмежи

Невреме го зафати и Скопје и Скопската Котлина. Силен дожд и ветер го погодија потесното градско подрачје.

Од различни локации од Скопје стигнуваат првите информации за паднати дрвја и штети од невремето. Засега кај надлежните нема пријавено штети иако штети има и допрва ќе се утврдува колку.

Општинските служби преку социјалните мрежи информираа дека активно работат за санирање на евентуалните штетите од невремето. 

УХМР уште вчера предупреди дека поради голема влажна маса во земјава може да се очекуваат поројни дождови.