Фото: Кај кои јавни личности се падна паричката?

Синоќа се кршеше лепче со паричка и според верувањата, цела година ќе го следи среќа тој кај што ќе се падне.

Голем дел од македонските јавни личности објавија кај кого се паднала паричката на Бадник.

Ракометниот голман Борко Ристовски оваа година го прослави празникот со синот и сопругата, а паричката се падна кај неговиот син Душан.

Македонската пејачка Тамара Тодевска објави дека оваа година паричката се паднала кај неа.

Пејачката Сузана Гавазова објави дека паричката се паднала кај нејзината ќерка Емилие.

Додека Лила Филиповска, Калиопи и Викторија Лоба покажаа како изгледа нивната трпеза.