Фолтин на Паратисима Скопје 2016

Битолскиот музички состав Фолтин ќе настапат на вториот ден (11 јуни) од фестивалот Паратисима Скопје 2016. Концертот е закажан за 21:45ч. во МКЦ.

„Музиката на Фолтин е надреална, страстна, духовита и карактеризирана со дива танцувачка атмосфера. Фолтин себеси се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре, и многупати нивните концерти се претвораат во вистински перформанси. Воопшто не е необично да се замислат овие ситуации ако го земеме предвид фактот дека многупати имаат работено со театарска музика.“ се вели во поканата за настанот.

Фолтин постојат од 1996 и досега имаат издадено шест албуми.

Билетите се достапни во билетарата на Младинскиот културен центар по цена од 200 денари.