Фејсбук статус: Токсична држава која те тера на самоубиство, немаш основни услови за живот, никакви можност за прогрес, ако не си лопов, или швалерка

„Плата земав денес.  Ние во училиште, сме цело време болни, не може да врзеш здрав две недели, секогаш има некој вирус. И ете боледувањето за две недели е 6000 денари. И да оздравеш остануваш две недели, зошто за помало отсуство земаат повеќе“ вака почнува статусот на Драгана Костиќ на нејзиниот Фејсбук профил.

Таа додава дека секое испитување го направила приватно. Немало реагенси по болнициве а морала и тие да ги направи плус на тоа ако се додат сметките од цела плата како што вели таа и останале уште само 11 илјади денари да го помине месецот.

„Значи со сметки и боледување јас имам сега 11.000 денари да го поминам месецот. Хахаххахахахаххха се смеам да не заплачам.  Па како деца да правиме вака? Наталитетот е драматично опаднат, ама вас ве заболе. 3000 денари аптека.

И сега размислувам, зошто јас секој ден се будам во шест, одам на работа, трпам и што не се трпи, постојано сум под стрес, за ова? А како мене многу не има.  И ме заболе за вашите избори, и кој ќе биде претседател, ако сакате некој од Авганистан донесете, и ме заболе дали се викаш Северна или Јужна, кога не си држава секако достојна за живење. Токсична држава која те тера на самоубиство. Немаш основни услови за живот, немаш никакви можности за прогрес, ако не си лопов, или швалерка на некој лигле на функција“ пишува Костиќ

Таа додава како после вакво нешто треба со ентузијазам да се оди на работа и дека треба да се биде благодарен што луѓето воопшто треба да се појавуваат на работните места.

„И нели треба со ентузијазам да одиме и да работиме. Важи. Колку пари толку музика. Бидете благодарни што воопшто се појавуваат луѓето на работните места. А околу мене сите се со приватен сектор. Сопругот излегува во 6 наутро и три месеци се враќа во 21 навечер, се гледаме едвај еден час дневно. Не се сеќавам кога бил дома во Сабота. И барем да се исплати таа жртва…  Зет ми работи три работи за да може Богдана да не оди во градинка. Едно дете, што ли ќе правеше да беа две. Оправајте вие, расправајте се за патриотизам и цела да е. Отидов јас да пијам едно кафе, да се частам сама себе од платава!  Ќе ве гласаат умрените на Амди.

Сестра ми Сашка е царот, вика а кој е бе овој? На сликата од премиерот, овој пред Талат, она не знае ни кој ни е премиер ни како се вика.  Е така и јас наскоро. Овците и некоја планина“ напиша Костиќ.