ЕВН Хоме останува универзален снабдувач, маржата намалена на 9,9 отсто

ЕВН Хоме останува универзален снабдувач на регулираниот пазар на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. 

Маржата што се постигнала на негативното наддавање е 9,9 отсто што значи дека е намалена за речиси 2 % од претходната маржа што ја имаше ЕВН.

Со оглед дека е намалена маржата се поставува прашањето дали сметките за електрична енергија ќе бидат намалени за граѓаните. ЕВН под новиот договор со треба да започне од јуни по што тој период и Регулаторна комисија за енергетика ќе ја разгледа цената.

Досега ЕВН Хоме ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Услов на Владата на новиот повик беше профитот да биде помал од 11,5 отсто.

Владата на некоја од следните седници ќе го разгледа извештајот од комисијата за спроведување на повикот и ќе одлучи официјално дали ќе го прифати исходот од денешната аукција.