Две лица од Скопје пријавени дека исчезнале

Две жени од Скопје пријавиле дека се изчезнати членови на нивните семејства.

МВР ги евидентираше овие настани:

На 05.05.2022 во 23:30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.М.(56) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг П.М.(63) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 05.05.2022 во 20:20 часот во Полициската станица Центар, Н.Г.(67) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син С.Г.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.