Двајцата дале откази на работа: Скопјаните Тони и Силвана започнуваат мото тура околу светот

Брачниот пар Силве и Тони, од Скопје се подготвуваат за пат околу светот на мотоцикл.

На промоцијата на книгата "300.000 км мотоавантура" на авантуристот и моторџија Жељан Ракела од Сплит, Хрватска беше најавена и авантурата на Тони и Силвана Митрев, моторџии од мото клубот „Ноќни волци“, кои на 25 март започнуваат хумана мото тура околу светот, нивното мото е „Прегрни го светот“.

Планирано е оваа обиколка со мотор околу светот да трае 14 месеци.

Двајцата дале откази на работа, вработени се до први следниот месец, а потоа ќе почнат со интензивни подготовки за големата авантура. Подготвени се да се возат на секакви временски услови, ќе преспиваат по хотели и мотели, а од голема помош им се меѓународните мото федерации.

Во земјите каде што има мото федерации Тони им Силве ќе им бидат гости на моторџиите, добиле поддршка и покани од многу места. Во Скопје, покрај „Ноќни волци“ поддршка им даде младинската организација „Млади за љубов“ која 10 – та година по ред организира „Гратис гушкање“.