Двајца Индијци уапсени на скопскиот аеродром

Две лица уапсени на скопскиот аеродром. 

- На 20.10.2023 во 09.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ - Скопје, на влез во државата, при извршени проверки на Б.А.С.(28) и Н.Б.(40), двајцата од Индија, било констатирано дека кипарските дозволи за престој што ги дале на увид биле фалсификувани. По извршен преглед кај нив биле пронајдени дополнителни две кипарски дозволи со измината важност. Со нив бил извршен службен разговор во кој изјавиле дека дозволите ги купиле од  лице во Р.Турција за сума од 1.900 евра, соопшти полицијата. 

Двете лица биле приведени од полициски службеници и по насока од Јавен обвинител биле пренесени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка.