Древни индијански мудрости за среќен живот: Избегнувајте да ги повредувате туѓите срца, отровот од таа болка ќе ви се врати

Етичкииот кодекс на Индијанците е секогаш инспиративен потсетник за подлабоко размислување и промени во нашите ставови и начин на живот. 

Photo by Dyaa Eldin on Unsplash

Факт е дека современиот човек се повеќе се оддалечува од својата исконска природа и рамнотежа. Но, вистинската мудрост лежи во навраќањето кон своето јас. 

Ова се нивните мудри зборови од кои можеме многу да научиме.

„Станете со сонцето и молете се. Молете се сами. Молете се често. Еден ден Големиот Дух ќе одговори на вашите молитви“.

"Бидете толерантни кон оние кои залутале. Незнаењето, гневот и љубомората доаѓаат од изгубените души. Молете се да се вратат на вистинскиот пат."

"Пронајди се себеси. Не дозволувај другите да ти го насочуваат патот. Тоа е само твој пат! Другите можат да одат со тебе, но никој не може да напредува за тебе."

„Бидете внимателни кон гостите во куќата. Послужете им ја најдобрата храна, понудете им најдобар кревет, бидете фер и праведни кон нив“.

„Не земајте го она што не е ваше, без разлика дали е од човечката заедница, природа или нечија култура. Не сте го заслужиле или не сте го добиле. Не е ваше“.

„Почитувајте сè на Земјата -  и луѓето и животните и растенијата“.

"Почитувајте ги мислењата на другите, нивните желби и нивните зборови. Никогаш не ги прекинувајте другите додека зборуваат, не се лутете, не им се потсмевајте. Дозволете му на секој човек право на свое мислење."

„Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија што ја испраќате, ќе ви се врати многукратно“.

„Сите луѓе прават грешки. Секоја грешка може да се прости“.

„Негативните мисли создаваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам“.

„Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е дел од нашето глобално семејство“.

"Децата се иднината. Внесете им љубов во нивните срца, водете ги со мудрост и научете ги на живот. Кога ќе пораснат, дајте им простор да растат".

„Избегнувајте да ги повредувате туѓите срца. Отровот од таа болка ќе ви се врати“.

 „Секогаш биди искрен“.

"Одржувајте рамнотежа. Менталното, духовното, емоционалното и физичкото јас мора да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Зајакнете го телото за да го зајакнете умот. Растете духовно за да ги лекувате емоционалните рани."

„Свесно одлучете што ќе бидете, како ќе се однесувате и како ќе стоите зад вашите постапки. Бидете одговорни за своите постапки“.

"Почитувајте ја приватноста и личниот простор на другите луѓе. Не се мешајте во туѓиот имот, особено не во светото и духовното. Забрането е".

"Бидете сигурни во себе. Не можете да бидете грижливи и да им помагате на другите ако не се грижите за себе."

„Почитувајте ги туѓите религиозни убедувања. Не ги присилувајте другите да веруваат во вашите“.

„Споделете ја вашата среќа“.