Репрезентативниот ракометен голман Борко Ристовски и неговата партнерка Николина претходната година склучија граѓански брак, а викендов направија свадба.
Свадбата беше во еден луксузен македонски хотел, а на истата присуствуваа најблиските роднини и пријатели на парот.
Борко беше облечен во одело, а невестата во бел фустан со поширок долен дел. На свадбата присуствуваше и нивниот син Душан.
Свадбената торта на познатиот пар беше со црно – златна боја, а на црниот дел со златни букви имаше испишано текст.