Драматичната опера „Палјачи“ на 7. февруари на сцената на Националната опера и Балет

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе се изведе на сцената на Националната опера и Балет на 7 февруари со почеток во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ ,на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда – Дешира Амети-Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио – Драган Ампов, а во улогата на Арлекин – Дејан Стоев, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.