Достоевски: Целиот карактер на една личност може да се препознае преку насмевката

Смеата пред се бара искреност, а постои ли искреност кај луѓето?

Photo by Allef Vinicius on Unsplash

За смеењето е потребна добрина и љубезност, а повеќето луѓе како да не знаат да се смеат. 

Искреното и безопасно смеење значи веселост, а дали во денешно време има веселост кај луѓето и дали луѓето знаат да бидат весели?

Веселоста на еден човек е неговата највидлива карактеристика, која најмногу го издава.

Потребно е долго време за да се запознае нечиј карактер, но штом човек барем еднаш се насмее сосема искрено, ќе ви се покаже целиот негов карактер, веднаш како да ви е на дланка. Само многу возвишен и среќен човек може да биде весел и со таа насмевка да ги заразува другите, т.е. да биде неодоливо и добродушно весела.

На овој начин, ако сакате да го видите човекот и да ја запознаете неговата душа, не набљудувајте го кога молчи или кога зборува, или кога плаче, па дури и кога е возбуден од благородни идеи, туку погледнете го кога тој се смее. Ако добро се смее, знајте дека е добар човек.

Погледнете ги децата: само децата знаат да се смеат до совршенство и затоа се толку слатки и невини.