Домашен лек кој ќе ви помогне да го победите грипот

Време е на грипот и настинките.

Photo by Simon Kadula on Unsplash

Вирусите се насекаде околу нас. Постојат многу лекови кои можеме да ги најдеме во аптеките, но и некои домашни лекови кои можат да помогнат во намалување на симптомите. Еден од нив е сокот од кромид. За да направите сок од кромид, направете каша од излупен и исецкан кромид, а потоа исцедете го тоа во сок преку газа. За да направите лек, измешајте 1 капка од овој сок со 5 капки вода (која претходно е варена и изладена). Потребно е да се ставаат 1-2 капки, три пати во текот на денот.

Photo by Bermix Studio on Unsplash

Овој лек е особено добар кај исцедокот од носот, кој е често присутен кај децата и тоа во подолг период. Овој природен лек делува антиоксидантивно, а состојките фенол и флавоноиди придонесуваат и за подобрување на имунитетот.