До мојот најдраг и најсакан сопруг...

Драги,

Понекогаш сѐ делува хаотично и пребрзо, како ветерница која не можеме да ја сопреме. Времето лета и понекогаш не стигнувам да те видам. Но, кога за миг ќе застанам и ќе те погледнам, го гледам изворот на животот, процесите кои те направиле постар, посилен и помудар. Ти си ист како и тогаш кога се венчавме, но истовремено си и целосно различен. Ние пораснавме заедно. 

Горда сум на она што си и она што стана. Те имам видено и во најдобри и во најлоши изданија. И ти мене исто. Заедно поминавме низ сѐ и сешто и сѐ уште се сакаме и поради тоа сме создадени еден за друг. Понекогаш очекувам сѐ и сешто од тебе. Работи кои и не се твоја работа. Жал ми е, знам дека тие работи не се твоја задача. 

Понекогаш, кога сум лута на себе, јас ти се лутам на тебе и се истресувам на тебе. Кога сум нервозна, анксиозна или депресивна и кога превртувам со очи кога ќе каже нешто. Тогаш секако сум неутешна и што и да кажеш ќе биде погрешно. Моите внатрешни борби се само мои. Жал ми е што во хаотичното секојдневие го давам најлошото од себе, а не најдоброто и тоа многу почесто од што сакам да признаам. 

Денес, како и секој друг ден, сакам да ги знаеш овие работи: 

Ти си мојата омилена личност.
Ти си мојата омилена личност, човек со кого сакам да ги поминувам тешките моменти во животот. Ако навечер се разбудам со солзи во очите, сакам да се разбудам покрај тебе. Доколку се борам, паѓам, па и сосема се распаднам, сакам тоа да го правам со тебе.
Ти си мојата омилена личност со која сакам да влегувам во авантури. Не сакам со никој друг да се качувам на планина, да летам со авион или да имам деца. Не сакам со некој друг да се впуштам во непознатото. Ти си мојата личност, мојот дом и со тебе би одела до крај на светот.
Ти си мојата омилена личност за прослави.
Ти си мојата омилена личност за смеење. Обожавам да гледам комедии со тебе. Сакам кога ме зафркаваш и не сакам никој друг да го прави тоа.
Ти си моето омилено рамо за плачење. Кога плачам пред тебе, не морам да се грижам за ништо, можам да си се исплачам без задржување.
Ти си мојата омилена личност за родителство. Даваме сѐ од себе за да ги воспитаме, а и самите не знаеме што точно правиме. Но, ги сакаме најмногу на свет и ги воспитуваме најдобро што можеме. Ти си најпрекрасниот татко на светот.
Ти си моето омилено изненадување. Знаев дека се мажам за човек што го сакам и кому се восхитувам, но не знаев каков човек ќе станеш со текот на времето. Не знаев каков татко ќе бидеш и каков сопруг ќе бидеш. Во добро и во зло. Тогаш не знаев. Но, сега знам и благодарна сум што те избрав тебе. 

Знам дека секогаш се прашуваш дали правилно постапуваш. И дозволи да ти кажам една работа: Најдобар си. Подобар отколку што некогаш и можев да замислам. Ти си мојот најдобар пријател и најголемо изненадување.

Те сакам.

Со љубов,
Твојата сопруга