Дејан Јовановски: Центар- мирно, здраво, хумано и пријатно место

Роден и пораснат во Центар, и секој еден дел од општината го поврзува со одредено време од неговиот живот во делот на образованието, спортот, друштвото, дружењето и слично.

-Сакам да бидам дел од еден континутет на создавање на услови за подобар живот  во општината за сите нас, за нашите деца за нашите внуци.  Генерално нашите проекти можеме да ги поделиме во неколку групи - зеленило и хигиена, инфраструктурни и сообраќајни  идејни решенија, урбанизам, образование,  како и решавање на проблеми кои засегаат одделни категории на граѓани, како на пример млади, пензионери, лица со посебни потреби, сопственици на миленичиња и слично.Здравата животна средина, хигиената, релаксираниот сообраќај, со други зборови – приоритет е да го направиме Центар  мирно, здраво, хумано и пријатно место за живеење и работење, вели Дејан Јовановски, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, за општина Центар во интервјуто за Пресс24