Decathlon објави огласи за вработување лица од Македонија

Познатата мрежа на продавници за спортска опрема Decathlon регутира вработени од Македонија. На социјалната мрежа Linkedin изминатите неколку денови се објавени огласи кои се наменети за лица кои живеат во Македонија. Станува збор за позиции поврзани со грижа за корисници, маркетинг и набавки за кои неопходно е високо образование. 

Скопје Инфо неодамна објави дека компанијата планира ширење и експанзија на македонскиот пазар. Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран кој ќе биде лоциран во близина на Скопје, а потоа да продолжи скенирање на пазарот и разгледување на можноста за отворање и други објекти. Изворите за Скопје Инфо тогаш брифираа дека планирано е најдоцна за три години да се финализираат трите фази и компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија. 

Засега не е познато дали огласите за вработување се поврзани со плановите за експанзија на компанијата во Македонија.