Дани Димитровска и „Пијан Славеј“ со заедничко музичко остварување кое од прва влегува во уво

„Бегаме“ е насловот на новото музичко остварување на Дани Димитровска и Бранислав Николов од групата Фолтин, или познат како „Пијан Славеј“.

Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов кој продукциски застанува зад ова дело.

Песната веднаш наиде на позитивни коментари кај фановите кои велат дека песната „од прва влегува во уво“. 

-Се вика “Бегаме” бидејќи бегањето од одговорности е одраз на човековата површност во ова врвно тапа време; Слушнете ја, ќе ве сврти кон себе барем на 3 мин, порача Дани Димитовска.