Да произведуваме храна сами, владините мерки се чист популизам - велат дел од граѓаните

Владините мерки за помош на граѓаните денеска ќе се најдат пред пратениците. Реална помош или чист популизам – што носат истите ќе покаже времето!

Ставовите на граѓаните се поделени.

Едни ги оправдуваат и ги очекуваат мерките со кои веруваат дека, колку толку ќе им се помогне на оние кои се во најнеповолна економска состојба, пред се на примателите на социјална помош, семејствата со еден вработен или со минимални примања, самохраните родители, пензионерите со минимални пензии...

Други, пак, сметаат дека помошта што ќе се дели е од кредити кои во идина повтоно ќе ги враќаат граѓаните, а сега, како што коментираат дел од граѓаните, Владата „собира поени“ со наводна помош.

Она што е впечатливо на социјалните мрежи на оваа тема е дека констатацијата дека час поскоро треба да се инвестира во домашно производство на храна затоа што многумина се согласуваат дека тоа е единствен долгорочен излез од кризата со кој ќе се решат повеќе проблеми.

-Може да се направат на пример современи стакленици каде ќе се произведува храна органски, зеленчук, може да се направи погон за преработки, и да се вработаат луѓе и на тој начин да се обезбеди на неограничен рок храна квалитетна за гладните и сиромашни луѓе, вели една граѓанка.

-Фабрики, производство, а не кредити за ваучери. На младите им треба работа, пишува друг граѓанин.

-Решение е да се вложат пари за обнова на земјоделието, да се посеат сите ниви, имаме прекрасна клима. Тогаш ќе имаме свое производство кое ние ќе го продаваме на другите држави, а не да очекуваме увоз...

Има и такви кои коментираат дека сега е вистинското време да ги преиспитаме гледиштата на животот, во насока да го цениме тоа што го имаме, а тоа е плодни полиња и ниви и соодветна клима за прозводство на храна, но констатацијата е дека земјоделието е се помалку атрактивно занимање, па така луѓето итаат кон поголемите градови.

-Веќе не е прашање дали и колку ќе биде скапа храната, туки дали и ќе ја има, констатира еден граѓанин кој потенцира дека новите околности во светот ќе го променат текот на увозот и општото производство.

Статистиките покажуваат дека во сиромаштија живеат 450.000 граѓани или околу 20% од вкупното насление во земјава. 

Дека цените на хранат ќе растата потврдија и од ФАО. 

Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации.

Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, има неизвесност и околу рускиот извоз на храна.

Според организацијата, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури.