Да преболиш некого и да продолжиш понатаму е една од натејтешките работи во животот. Особено ако се работи за некого со кого сте си ја замислувале иднината.
Затоа е и потребно на правилен начин да продолжите понатаму.
Завршете ја приказната и кажете сѐ што ви лежи на душа и колку навистина сте биле заљубени.
Така ќе го избегнете моментот на каење и размислувањето за „Што би било, кога би било“...
И потоа засекогаш кажете збогум.
Ако ви дозволат да си одите без да се борат за вас, тогаш значи дека не ви е ни судено.
Пеколно ќе ве боли.
Дозволете си себеси да бидете тажни.
Да бидете лути.
Но, ќе морате да научите секое утро да се будите и да го продолжите вашиот живот без таа личност.
Полесно е да се каже отколку да се направи.
И затоа дозволете времето да ги залечи раните.
Времето нека се погрижи за вашето срце.
Еден ден ќе се разбудите и таа личност повеќе нема да ви недостасува...