Д-р Бојан со совети како да се победи вирозата која нападна по Нова година

Лекарот по општа медицина д-р Бојан Трајковски објави статус на Фејсбук во кој даде совети како да се победи вирозата со која се соочуват голем број луѓе во Македонија.

- Сува кашлица, продуктивна кашлица, кашлица која трае со недели, течење на нос, затнатост, гребење во грло, отежнато голтање, омалаксаност, висока температура, нагони на повраќање, дијареа, болки по цело тело, вртоглавици, главоболки, намален апетит, изгубен мирис и вкус, згазеност...се се ова симптоми кои ги среќаваме деновиве и кои тек ќе имаме прилика да ги гледаме особено поради тоа што како временските услови така и загадувањето не ни одат во прилог. Нема потреба од вадење од памет доволно е само трезвено размислување и симптоматска терапија. Најголем дел од симтомите траат до недела дена, додека само кашлицата знае да е исклучок и да потрае подолго.Ако удри тогаш само кревет, многу течности, одмор, НИКАКВИ антибиотици (освен ако има реална потреба) и трпение, ќе помине, напиша Трајковски.