ЦУК: Се запали куќа во Берово, лице со изгореници е пренесено во болница

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера пожарникарите од Берово во периодот од 22:55 до 00:30 часот со 2 ПП возила и 4 Пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот Берово. Во пожарот едно лице се здобило со повреди (изгореници) и истото е пренесено во Здравен дом Берово. Од она што известуваат од ЦУК е дека во повеќе општини низ државава и на вакви мининусни температури се забележани помали интервенции од страна на пожарникарските екипи што значи дека имало гаснење пожари на отворено.

Од ЦУК апелираат да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиентлниот воздух и истовремено апелираме за внимателност при прошетките во прекрасната природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите.

Инаку во соопштението на ЦУК се вели дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22%, а 59,78% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,59%, кон Итната медицинска помош 32,01%, кон пожарникарите 2,52%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,52% со другите 59,78% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.061 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање.