Четири лица во Карпош физички нападнале дете

Вчера, Б.П.(39) од Скопје  пријавила во полиција дека четири лица физички го нападнале нејзиното дете во општина Карпош во вторникот.

Според извештајот на МВР, настанот се случил во вторникот, 12.07.2022 година,  околу 20.30 часот на подрачјето на Карпош. 

Од Министерството информираа дека во моментов се работи на расчистување на случајот.