Целосно завршено асфалтирањето на улиците во Љуботен

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека комплетно се асфалтирани сите улиците во Љуботен кои биле опфатени со оваа фаза од градежната офанзива.

Во наредните денови ќе се продолжи со асфалтирање на улиците кои беа најавени како дел од првата фаза.

-Во текот на овие четири години во Општина Бутел нема да постои неасфалтирана улица, најави Костовски.