Бранко Црвенковски стана дедо

Бранко Црвенковски, политичарот и поранешен претседател и премиер на Македонија, стана дедо, а неговиот син Љупчо татко на момче.

Екслидерот на СДСМ, заедно со сопругата Јасна Црвенковска има две деца, синот Љупчо и ќерката Марија.

Љупчо Црвенковски има дипломирано на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според локалните медиуми и најавите од семејството внукот наводно ќе го носи името на дедото – Бранко.