БЕГ: Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење наиде на голем интерес

Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење со кој управуваат лиценцираните компании основани од  БЕГ  АД наиде на голем интерес кај правните лица и домаќинствата, информираат преку соопштение од  БЕГ на десеттиот ден од акцијата и додаваат дека досега им пристигнале 110 барања за приклучок во новата грејна сезона.

„Споредено со истиот период минатата година, интересот за приклучување кон системот за топлинска енергија е зголемен за над 50 отсто. Повеќегодишното подобрување на квалитетот на услугата и намалувањето на цената која во периодот од 2013-та до 2018-та година вкупно се намали од 33% до 66%, во зависност од категоријата на потрошувачи, очекувано го зголеми интересот кај потрошувачите“, стои во соопштението на БЕГ.

Акцијата за бесплатен приклучок, додаваат од БЕГ ќе трае до 15 септември годинава. По завршувањето на бесплатната акција па се до 30-ти септември корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга, додека од 1-ви октомври годинава приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник, се додава во нивното  соопштение.