Barcelona Gipsy Balkan Orchestra во декември со концерт во Скопје

Barcelona Gipsy Balkan Orchestra во декември ќе настапат во Филхармонија во Скопје. 

Сицилијанската пејачка Маргерита Абита донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина во оркестарот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во ноември 2019 година.

Во 2022 година тие ја одбележуваат својата 10-годишнина, презентирајќи нови авторски песни напишани лично од нив.

Досега имаат објавено шест студиски албуми, посетено повеќе од 40 земји и лојална база на фанови на BGKO Јутјуб-каналот (со повеќе од 160.000 следбеници и повеќе од 90 милиони прегледи).

Со албумот „Нова ера“ ја потврдија својата позиција како еден од најпознатите бендови во традиционалната музичка интерпретација, почитувајќи ги предците додека живеат во сегашноста.

Во нивните последни синглови, од вечниот македонски класик „Море сокол пие“ до сицилијанскиот фолклор во „Cu Ti Lu Dissi“, можеме да го цениме нивниот личен допир кога се свири музиката од Балканот, Блискиот Исток и медитеранските брегови; уникатен звук направен од разновидните уметнички влијанија на членовите.

Тие ќе ги донесат и своите славни аранжмани на класикот „Македонско девојче“ или „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска.

Од оваа меѓународна формација произлегуваат најдобрите аранжмани, каде што секој инструмент има свое место и простор. Текстурите и тембрите се фино измешани во служба на секоја песна, од евоцирање емоции до френетичен транс ритам.

Влезните за концертот веќе се пуштени во продажба.